Куртоа е избран за најдобар голман во фудбалска Европа

Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид ја доби наградата „Лав Јашин“ која се доделува за најдобриот голман во светот.

Репрезентативецот на Белгија забележа 52 настапи во сите конкуренции за „кралевите“ минатата сезона, прими 46 гола, а на 22 натпревари мрежата ја сочува недопрена.

Ова е прва ваква награда за Куртоа, тој на тронот ги наследи Алисон од Ливерпул и Џанлуиџи Донарума од ПСЖ кои го освојуваа признанието во 2019 и 2021 година.

Во битката за овој трофеј, Куртоа ги победи Алисон Бекер, Едерсон, Мајк Мањан и Едуард Менди.

Се вчитува...