КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022: Шведска рутински со Косово, Украина конечно победи (ВИДЕО)

Шведска стигна до рутински триумф од 2-0 над Косово во натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Форсберг од пенал донесе водство за Швеѓаните во 29. минута. Потегот на мечот го имаше Александар Исак кој во 62. минута со „еврогол“ донесе водство од 2-0 за домаќините. Конечните 3-0 ги постави Куазон во 79. минута.

Украина по пет реми исходи конечно успеа да слави во овие квалификации, откако триумфираше над Финска со 1-2. Јармоленко и Јаремчук стрелаа за Украинците, додека погодокот на Финска беше дело на Тимо Пуки.

 

 

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022: 

Шведска – Косово 3-0

Финска – Украина 1-2

Азербејџан – Р. Ирска 0-3

Грузија – Грција 0-2

Шкотска – Израел 3-2

 

Се вчитува...