Ласо: Ми недостасува кошарката…

Шпанскиот кошаркарски тренер, Пабло Ласо вели дека е отворен за нови предизвици, откако остана без работа по добиениот отказ во Реал Мадрид во кој помина единаесет години.

Тој вели дека му недостига кошарката и дека секојдневно гледа кошаркарски натпревари…

„Кога човек е тренер, тоа му е во крвта. Гледаш натпреаври и ти недостигаат тренинзите. Тоа е нормално, тоа е нашата работа. Тренерот не престанува да биде тренер во ниту еден момент. Страста за кошарката не исчезнала уште, подготвен сум да се вратам“, вели Ласо. 

Во 11 години поминати на клупата на „кралскиот клуб“, Ласо двапати ја освојуваше Евролигата, а во домашниот шампионат шест пати го подигнуваше трофејот.

Се вчитува...