Лига на нации: САД е шампион на Северна Америка

Машката фудбалска репрезентација на Соединетите американски држави ја одбрани титулата во Лигата на нации за Северна и Средна Америка совладувајќи ја Канада во големото финале со 2-0.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме, а стрелци беа Ричардс во 12. минута и Балогун во 34. минута.

Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Мексико која во натпреварот за третото место славеше против Панама со 1-0.

Се вчитува...