ЛИГА НА НАЦИИ: Шпанија се спаси од пораз од Чешка, Португалија лесно со Швајцарија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Чешка откако одигра 2-2 во второто коло од групата 2 во А лигата од новото издание на Лигата на нации на УЕФА.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Пешек во 4. минута од натпреварот, а до крајот на првиот дел Шпанците израмнија преку Гави во судиското надополнување. Во вториот дел Чешка преку Кучта во 66. минута поведе со 2-1, додека конечните 2-2 ги постави Мартинез во 90. минута.

Португалија стигна до убедлив триумф на домашен терен против Швајцарија со 4-0. Роналдо на двапати и по еднаш Кансело и Вилијан Карваљо беа стрелци на головите за Португалците.

Во останатите мечеви од вечерашната програма во Лигата на нации: Србија – Словенија 4-1, Шведска – Норвешка 1-2 и Косово – Грција 0-1.

Голот на Роналдо можете да го погледнете на следниот линк. 

Победничкиот гол на Чешка можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...