Лингард го замолкна Рангник: Јас сум професионалец, секогаш сум подготвен да му помогнам на клубот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник на конференцијата изјави дека Лингард побарал неколку слободни денови и поради тоа нема да биде во протокол за мечот со Мидлсборо. Но, експресно реагираше Лингард, кој преку социјалните мрежи го демантираше менаџерот и тврди дека одлуката била на клубот, а не негово барање.

Лингард во последните денови од трансфер пазарот беше посакуван од Њукасл, но Јунајтед одлучи да го задржи до крајот на сезоната.

„Клубот ме советуваше да одморам малку од лични причини! Но, мојата глава е чиста и секогаш ќе бидам професионалец кога ќе бидам повикан да играм, давајќи 100% од себе“, истакна Лингард.

Рангник минатиот месец изјави и дека Марсијал не бил во тимот за еден натпревар бидејќи самиот одбил да биде вклучен во составот, за што подоцна беше демантиран од францускиот напаѓач.

Очигледно, искусниот германски стратег има проблем…

Се вчитува...