Литванија и го нанесе првиот пораз на Црна Гора и остана максимална

Кошаркарската репрезентација на Литванија, убедливо со 91-71 ја совлада селекцијата на Црна Гора во третото коло во првата фаза од Мундобаскетот. Иако Црногорците имаа предност по првата четвртина, сепак, во втората ја прокоцкаа предноста, а Литванија до крајот само константно ја зголемуваше, најде противигра за противникот и на крајот за убедлива победа.

Литванците дојдоа до победата предводени од Јокубаитис кој постигна 19 поени. Исто толку постигна и Вучевиќ кај Црна Гора, но без ефект.

Литванија со три победи оди во следната фаза, додека Црна Гора го претрпе првиот пораз на Мундијалот.

Се вчитува...