Литванците со официјална жалба: Судиите заборавија да им дадат слободно фрлање

Литванската Кошаркарска Федерација поднесе официјален приговор до ФИБА поради катастрофалната грешка на судиите и лицата од записничката маса, кога на литванскиот состав пред крајот на третата четвртина не му беше доделено слободно фрлање за техничката грешка на германскиот селектор.

Во ситуација кога дуелот го загубија по две продолженија, Литванците со право реагираат бидејќи овој „кикс“ на официјалните лица директно влијае на резултатот.

Пред крајот на третата ечтвртина имаше фаул на Ло над Валанчиунас, по што германскиот селектор реагираше и му беше покажана техничка грешка. Судиите заборавија на правилата, па Литванците изведоа само две слободни фрлања, оние на Валанчиунас, додека она првото, за техничката грешка, воопшто не беше евидентирано.

Срамотата на ФИБА да биде поголема, во официјалната статистика најпрвин се водеа три промашени слободни фрлања иако Валанчиунас изведе само две, нешто што подоцна беше исправено, но остана неправдата кон литванскиот состав

„Не можеме да веруваме. Го забележавме тоа веднаш, нашите тренери веднаш реагираа и бараа уште едно слободно фрлање, но и судиите и делегатот само стоеја и молчеа, не знаеја што да направат. Тешко е да се проголта ваква неправда во меч во кој се играа две продолженија“, истакна литванскиот репрезентативец Миндаугас Кузминскас.

Се вчитува...