Љорис глумеше дека е Меси, па го прими најсмешниот гол во кариерата

Хуго Љорис го прими најсмешниот гол во кариерата откако голманот на Тотенхем попладнево се посрамоти на дуелот со Тотенхем.

По една повратна топка Дени Ингс се наоѓаше на работ на шеснаесетникот кога тргна кон Љорис, но голманот непотребно компликуваше, влезе во дриблинг на само еден метар од својот гол и му овозможи на противникот рутински да ја смести топката во мрежата.

Голманите дефинитивно немаат свој ден во Премиер-лигата, откако во првиот денешен меч се посрамоти и Харисон од Шефилд Јунајтед, кој му ја подари победата на Ливерпул.

Се вчитува...