Лоши вести за Словенија: Влатко Чанчар ги скинал лигаментите на коленото

Лоши вести за кошаркарската репрезентација на Словенија пред стартот на Светското првенство кое ќе се игра во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Еден од најдобрите кошаркари на „змајчеки“, асот на Денвер Нагетс, Влатко Чанчар доживеа повреда на контролниот дуел со Грција во кој со болка го напушти теренот.

Дополнителните прегледи покажуваат дека Чанчар ги скинал лигаментите на коленото, па поради тоа ќе мора долг период да биде надвор од терените.

Тоа значи дека европскиот шампион од 2017 година и дефинитивно нема да може да смета на асот на Нагетс на претстојниот шампионат.

Се вчитува...