Матијас Погба со ново откритие за Пол: Маските паѓаат, исто како со Кели, Вајнштајн и Менди

Скандалот во семејството на Пол Погба не стивнува, а откако неговиот брат Матијас Погба заврши во затвор поради уцена на неговиот Твитер профил беа откриени серија на видеа направени пред тој да заврши зад решетки, поготвени токму за таков случај.

Во него Матијас открива работи за неговиот брат за кој вели дека е под магија на „вештер“ познат за поранешниот француски репрезентативец Алу Диара и нему му плаќа од 75 до 100 илјади евра месечно, а додава дека маските ќе паднат како во случаите со Роберт Кели, Вестин и Менди…

„Здраво на сите. Јас сум Матијас Погба. Доколку го гледате ова видео тоа значи дека мојот брат Пол нашол начин да ме замолчи со уцена или физички, или пак ме наместил за работи кои јас ги немам направено. Можеби нашол и начин да ја измими полицијата како во минатото што правеше со мојот братучед, само за да ме замолкне. Голема е шансата јас да не сум единствениот бидејќи тој работи на тоа да ги замолкне сите кои можат да откријат тајни со користење на слава, пари и други врски по секоја цена. Затоа го направив ова видео со цел што и да се случи со мене да откријам работи за мојот брат, лицемерот, манипулаторот, лошиот и арогантен човек, криминалец“, започнува да говорија Матијас во видеото.

„Во ова видео ќе откријам се. Маските паѓаат, исто како во случајот на Роберт Кели, Харви Вајнштајн и Менди. Нема да видите убави нешта. Да сте славен не значи дека сте добар човек. Никој не е над законот. Треба да знаете дека не сакав да го направам ова видео, и ако се појави тоа не е од завист. Не сакав да се најдам во оваа позиција, за која ќе објаснам и до која мојот брат ме доведе. Малиот брат кој го сакав, постана злобна личност која повеќе не ја познавам. Тој е подготвен на се. Ужива во злоупотреба, омаловажување и понижување на други луѓе. На неговото семејство, неговата мајка и блиските до него. Границата ја пречекори со воведувајќи го неговото семејство во тага и мака. Ја пречекори границата, го загрози нашето семејство и не напушти оставајќи не во опасноста која тој самиот ја создаде“.

Целата сага започна откако во јавноста излезе информацијата дека фудбалерот на Јувентус платил на „вештер“ за да го повреди Килијан Мбапе. Ваквиот настан предизвика целосен хаос во Франција, дури и напаѓачот на ПСЖ се јави и побара објаснување за се. Сега тоа го доби од Матијас…

„Како на финалето од Европското првенство во 2016 година кога се случуваа чудни работи како рој од лептири пред натпреварот“, открива Матијас.

Се вчитува...