Меси и Рамос повторно заедно?

Трансферот на Лео Меси во Интер Мајами очекувано донесе голем интерес за американскиот клуб кој ова лето се очекува да биде засилен со дел од поранешните фудбалери на Барселона како Жорди Алба и Луис Суарез, а во играта за премин на Флорида сега се појави и Серхио Рамос.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид исто како и Меси заврши со ПСЖ, а покрај богатата понуда од Саудиска Арабија, ќе има можност да избере дали повторно ќе заигра со еднаш неговиот голем ривал на теренот од времето поминато во Шпанија.

Триесетиседумгодишниот Рамос покрај Реал Мадрид и ПСЖ во професионалната кариера забележа и настапи за Севилја.

Се вчитува...