Мила Рељиќ во четвртфинале на Европските игри во Краков

Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ забележа победа на стартот на своите натпревари на Европските игри во Краков.

Во првото коло на таеквондо турнирот Рељиќ триумфираше против Норвежанката Гјелсвик со 2-0.

Во четвртфиналето нашата таеквондистка ќе се соочи со Петра Столбова од Чешка. Борбата е закажана за 14:40 часот.

Се вчитува...