Модриќ со еден потег ги загрижи Хрватите

Хрватска ќе се бори за златниот медал во Лигата на Нации откако вчеравечер славеше во полуфиналето против Холандија со 4-2 во натпревар кој беше решен во продолжението со головите на Петковиќ и Модриќ.

Лука Модриќ одигра нов неверојатен натпревар за кој ги собра пофалбите од сите страни, но храватските навивачи по натпреварот останаа загрижени по еден потег на легедарниот играч од средниот ред.

Имено, откако беше променет во 119. минута 38-годишникот направи почесен круг околку теренот и трибините на кои беа сместени навивачите на Хрватска, потег кој многумина го карактеризираа како збогување.

Модриќ веќе подолго време се поврзува со репрезентативна пензија, а и покрај тоа што не сакаше да говори на оваа тема пред Лигата на Нации голема е веројатноста дека во недела ќе го одигра последниот натпревар во коцкестиот дрес.

„Фокусиран сум на Лигата на Нации. За иднината во репрезентацијата ќе говорам по неа. Имам донесено одлука, но фокусот сега не е на тоа. Секогаш уживам кога играм за репрезентацијата. Ме весели секое доаѓање тука. И не се чувствувам така бидејќи се ближи мојот крај, туку уживам на секој тренинг. Секој тренинг ме исполнува. Додека мислам дека можам да помогнам, нема причина зошто да не сум тука“, изјави Модриќ пред полуфиналето.

Се вчитува...