Монографија: 100 години ФК Беласица

Деновиве излезе од печат монографијата „ 100 години ФК Беласица 1922-2022, чиј автор е познатиот новинар и љубител на фудбалот Иван Станоевски, кој се до пензионирањето беше постојан дописник на Нова Македонија од Струмица, кој долго години беше сведок на многуте натпревари и успеси на сигурно најпопуларниот клуб од источна Македонија.

Во монографијата прегледно е даден цел историјат на Беласица, која играше и во единствената Втора лига на Југославија, од почеток на формирањето па се до денес, нејзините успеси и падови, од чии редови потекнуваат најпознатите фудбалери од Македонија предводени со легендите Благој Истатов и Васил Рингов, па се до Горан Пандев, Аце Стојков, Горан Попов, Благој Митев, Ванчо Дрвошанов, Томе Семенков, Никола Секулов, Милан Василе…Во монографијата може да се прочита кои беа се интернационалците на Беласица, нејзините тренери, претседатели, обилува со мноштво интересни податоци.

Освен тоа авторот Станоевски ги одбележува и другите клубови од ова подрачје, кои оставија белег во македонскиот фудбал предводени од Тиверија и Хоризонт Турново, јасно и сегашниот прволигаш Академија Пандев. Станоевски е и автор на монографијата „60 години на ФК Беласица, заедно со Ацо Манински и Иван Василевски потоа, „9 децении ФК Тиверија 1923 – 2013„ како и „Благој Истатов, македонска фудбалска легенда“ ./М.М/

Се вчитува...