„На Надал му се восхитуваат, а нас ќе не обвинеа за допинг“

Рафаел Надал во последните неколку години мака мачи со повреди, но истите не го спречија да го освои 14. Ролан Гарос во кариерата. Шпанскиот ас беше неизвесен и за средбата со Новак Ѓоковиќ, но издржа до самиот крај, а потоа откри дека користел разни инекции за умртвување на живците само за да може да се натпреварува.

По турнирот се појави и видео на кое се гледа како тенисерот оди на преглед, но не е во состојба да оди самостојно, па му требаат патерици, а интересна изјава за целата ситуација имаше велосипедистот Гијом Мартен, кој направи споредбза помеѓу користењето на ваквите средства во велосипедизмот и тенисот.

„Тоа што го направи Надал е невозможно за велосипедисти и за мене тоа е нормално. Ние ако сме повредени или болни, не можеме да трчаме, возиме велосипед, да се натпреваруваме. Тоа е нормално од повеќе причини. Прво поради здравјето на спористот. Не знам колку е добро за Надал тоа што го прави за неговиот зглоб. Од друга страна, лековите можат да влијаат на настапот на спортистот, односно можат ја напреднат неговата игра, неговиот настап. На Надал му се восхитуваат, а нас ќе не обвинеа за допинг. Тој е херој бидејќи трпи болки, но вистината е дека користењето на разни супстанци за болка те носат до самите граници. Победникот на Тур, и да не направи ништо сомнително ќе биде обвинет за допинг“, изјави Мартен.

Се вчитува...