Нагелсман: Презадоволен сум од тоа како одигравме против Франција

Германската репрезентација веќе подолг период е во криза, но оваа селекција синоќа конечно заличи на старата велесила откако на гостински терен ја совлада Франција со 0-2. Германците доминираа на дуелот во Лион, точно знаеја што сакаат и ги контролираа темпото на игра и резултатот, заслужено славејќи со головите што ги постигнаа Флоријан Вирц и Каи Хаверц.

Селекторот на „панцирите“, Јулијан Нагелсман по мечот изјави дека е презадоволен од играта на неговите избраници.

„Честитки за тимот, одигравме одличен натпревар. Првите 25 минути беа одлични. Можеби требаше да постигнеме уште еден гол. Играта се одвиваше според планот, се беше совршено подготвено. Уште повеќе се подобривме во вториот дел и имавме три до четири убави шанси. И по неколкуте измени имавме две одлични можности. Јас сум презадоволен од настапот“, изјави Нагелсман.

Се вчитува...