Најдобриот велосипедист на денешницата пуштен од болница

Двократниот и актуелен победник на Тур де Франс, Јонас Вињегор е пуштен од болница, речиси две недели по сериозниот пад за време на Трката околу Баскија.

„Ја напуштив болницата. Сакам да му се заблагодарам на лекарскиот тим што се грижеше за мене и на сите за моралната поддршка. Сега е време за целосно закрепнување“, рече Вињегор.

Данецот беше тешко повреден на почетокот на април во голема несреќа за време на 4. етапа околу Баскија. Вињегор успешно ја оперираше клучната коска. Покрај скршената клучна коска и неколку ребра, велосипедистот се здоби и со контузија на белите дробови.

Се уште не е познато кога ќе се врати на трките, но познато е дека главна цел на Данецот за оваа година е Тур де Франс, кој започнува за неполни три месеци и на кој сака да оствари трета последователна победа.

Се вчитува...