Најдоброто од Златан: Обвини ме уште еднаш и ќе ти ги скршам двете нозе…

Златан Ибрахимовиќ стави крај на долгата и успешна кариера која траеше од 1999 година. Легендарниот Швеѓанец со балканско потекло заминува во пензија како еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, како голем човек кој во текот на кариерата изгради имиџ на самоуверен и чесен фудбалер кој секогаш го вели тоа што го мисли.

Некои од неговите изјави влегоа во антологијата, а овие се една од најинтересните:

„Не те повредив намерно и го знаеш тоа. Обвини ме за тоа уште еднаш и ќе ти ги скршам двете нозе. Тогаш ќе биде намерно”, порака до Рафаел ван дер Варт по отпужба за прекршок.

„Тоа што Џон Керју го прави со топката, јас можам да го направам и со портокал“, коментарот откако Керју рече дека триковите што ги прави Златан се бесмислени.

„Никогаш не сум ја запознал. Но кога ќе ја запознаеме, ќе излезам со неа”, одговор на прашањето која според него е најубавата жена на светот.

„Јас нема да бидам крал на Манчестер, ќе бидам бог на Манчестер“, при пристигнувањето во Манчестер Јунајтед.

„Кога ќе ме купиш, си купил Ферари. Ако имаш Ферари, полниш премиум гориво, оди на автопат и притискаш гас. Пеп Гвардиола ме наполни со дизел и ме однесе на возење по селски пат. Тој требаше да купи Фиат за тоа“, за односот со Гвардиола во Барселона.

„Не и купувам подароци на жена ми. Таа веќе го има Златан“

„Само Господ знае дали ќе се пласираме на Светското првенство“ – Новинар: „Малку е потешко да се постави тоа прашање на Бога“. Ибрахимовиќ: „Во моментов разговарате со него“

„Не е точно дека купив Порше. Купив авион, тој е многу побрз“

„Светското првенство без мене е бесмислено да се гледа“

„Дојдов, видов и победив. Благодарам на навивачите на ЛА Галакси кои направија да се чувствувам повторно жив. Го сакавте Златан и го добивте. Добредојдовте. Сега вратете се на гледање бејзбол”

Се вчитува...