Нејмар нема да биде подготвен за стартот на новата сезона

Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде подготвен за стартот на новата сезона со Ал Хилал, изјави тренерот на актуелниот шампион на Саудиска Арабија, Жорже Жесус.

Ал Хилал минатата недела ја обезбеди четвртата титула во последните пет години.

„Се што знам во моментов е дека времето за опоравување за Нејмар, и воопшто за овој тип на повреда, е од 10 до 11 месеци. Ако пресметаме, Нејмар нема да биде подготвен за претсезонските подготовки“, изјави португалскиот тренер.

Нејмар во ноември беше опериран во Бразил поради скинати вкрстени лигаменти и менискус на левото колено, откако се повреди на 17. октомври на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај за СП 2026 година.

32-годишниот фудбалер во 2023 година се пресели од Пари Сен Жермен во Ал Хилал каде според медиумите заработува околу 100 милиони евра по сезона, но каде играше само неколку недели пред повредата.

Се вчитува...