Неверојатно: Роналдо пред трансфер во Спортинг? (ФОТО)

Сагата за заминување на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед од ден за ден добива и нови размери, а покрај Челси и Баерн Минхен во трката за услугите на 37-годишникот неочекувано се вклучи и неговиот поранешен клуб Спортинг.

Имено, денеска на социјалните медиуми се појави слика од наводен автомобил на Португалецот во гаражата за фудбалери на стадионот „Жозе Алваладе“ и предизвика вистинска бура на реакции. Навивачите на Спортинг навиваат информациите да се точни, а доколку дојде до овој трансфер тоа ќе биде големо враќање на местото од каде започна неверојатна кариера на Роналдo, нешто што беше желба на самиот фудбалер.

Се вчитува...