Никола Јокиќ ќе ја предводи Србија на Евробаскетот!

Познат е составот на Србија кој ќе настапи на Евробаскетот 2022 година. Светислав Пешиќ, селекторот на Србите ќе смета на двајцата најдобри играчи во моментов Никоја Јокиќ и Василије Мициќ, кои беа МВП во НБА, односно во Евролигата.

Пешиќ ќе ги нема на располагање Бјелица, Покушевски, а поради повреда ќе го нема Богдановиќ. Исто така ќе недостасува и Марјановиќ.

Србија е во групата Д на ЕП заедно со Полска, Финска, Израел, Холандија и Чешка.

Се вчитува...