Обрадовиќ: Голем респект за МЗТ, знаеме дека ќе биде тежок меч

Аеродром се подготува за утрешниот спектакл во СЦ „Јане Сандански“ каде гостува белградски Партизан. Сега евролигашот по неколку години се враќа во нашиот главен град, а „црно-белите“ со максимален респект кон МЗТ Скопје му приоѓаат на натпреварот кој е на програмата со почеток од 16 часот.

Според тренерот на „црно-белите“, легендарниот Жељко Обрадовиќ, мечот ќе биде тежок, и уверен е дека МЗТ ќе има голема желба да се покаже пред своите навивачи.

„Продолжуваме со патувањата. Имаме голем респект кон екипата на МЗТ, и знаеме дека не чека тежок меч. Нашиот противник ќе има желба на првиот меч пред домашна публика да се покаже и да одигра добро. Ќе треба да бидеме максимално концентрирани и да играме на потребното ниво за да го добиеме натпреварот“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...