Од болницата во Севиља за ситуацијата со голманот: Рико и натаму во кома

Голманот на ПСЖ, Серхио Рико, кој беше сериозно повреден по јавање на коњ за време на неговиот одмор во Севиља, останува во стабилна, но во животозагрозувачка состојба, соопштија од Универзитетската болница во Севиља.

Шест дена по несреќата, ситуацијата со Рико и натаму е непроменета, и тој се наоѓа во кома. Примен е на интензивна нега.

„Рико останува стабилен без значајни промени во последните 24 часа. Неговата општа состојба е сериозна“, стои во соопштението на болницата.

„Тој останува во одделот на интензивна нега, надгледуван и згрижен на мултидисциплиниран начин од тимот на интензивна нега и други специјалисти во болницата. Друга промена нема, останува да видиме како ќе се одвива состојбата во текот на викендов“, додаваат од болницата.

Се вчитува...