Партизан е на добар пат да се пласира во следната фаза од Конференциската лига откако во 4. коло славеше на домашен терен против Келн со 2-0. До победа белградскиот состав го предводеа Дибате и Гомез со голови во 15. и 52. минута.
Сега „црно-белите“ се искачија на врвот на групата „Д“ и таму ќе останат најмалку до крајот на вечерта по завршувањето на натпреварот помеѓу Ница и Словачко.
Останати натпревари:
Аполон – АЗ Алкмар 1-0
Австрија Виена – Вилјареал 0-1
Бахчешехир – РФС 3-0
Џургарден – Гент 4-2
Клуж – Славија Прага 2-0
Фиорентина – Хартс 5-1
Слован Братислава – Базел 3-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА