Пепи Манасков за селекторот Лазаров: Да се седне на клупа не е исто со играњето на терен

Легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков, го поздрави ангажманот на Кире Лазаров за нов селектор на нашиот национален тим. Сепак, Манасков во изјава за ТВ-емисијата „Бекстејџ“ предупреди дека Лазаров мора што побрзо да се адаптира на фактот колку е различна ракометната игра кога си дел од неа на терен, во однос на она што треба да го следиш крај аут-линијата како тренер.

Поради ова, Манасков смета дека позитивно во целата ситуација би било Лазаров паралелно со репрезентацијата да почне и клупска тренерска кариера.

„Јас не се сомневам во познавањето на ракометната игра на Лазаров. Сепак, кога ќе се седне на клупата ништо не е исто како на терен. Верувам дека има капацитет, но ќе зависат многу работи и од стручниот штаб. Клупската работа исто така е важна и верувам дека ќе работи и во некој клуб“, истакна Пепи Манасков за „Бекстејџ“.

Се вчитува...