„Петарда“ од Португалија за Узбекистан во Хјустон (ВИДЕО)

Португалија на извонреден начин се врати по киксот против Конго на отворањето на Светското првенство 2026, сега во 2. коло во групата К триумфирајќи убедливо со 5-0 против селекцијата на Узбекистан.

А, централна фигура на дуелот, кој друг ако не Кристијано Роналдо, кој со два гола уште во првото полувреме на најдобар можен начин им одговори на критичарите, по оној негов прв лош натпревар против Конго.

Уште во 6. минута Роналдо запиша историја за светската фудбалска игра, како прв човек на планетава стрелец на шест различни светски првенства, од 2006 до 2026 година, носејќи водство од 1-0 за својата селекција.

Роналдо на тој начин го постигна деветтиот свој погодок на мундијалите.

А, Португалија веќе во 17. минута дојде и до водство од 2-0, со голот на Мендеш директно од слободен удар од околу 18 метри.

Но, Кристијано Роналдо не застана само на еден гол, и во 39. минута повторно мајсторски погоди за 3-0, и за десетти свој гол на светските првенства со што го надмина досегашниот рекорд на Еузебио како најдобар стрелец на Португалија на Мундијалите со девет гола.

Во второто полувреме уште два гола за Португалците.

Најпрво со автоголот на Нематов во 60. минута беше зголемена предноста на 4-0…

А, потоа во 87. минута погоди и Рафаел Леао за „петарда“ во мрежата на Узбекистанците.

Се вчитува...