Пикси ги откачи Србите, остана само еден кандидат за селектор

Драган Стојковиќ – Пикси нема да биде селектор на Србија откако пролавениот фудбалер во последен момент ја одбил понудата да го наследи Тумбаковиќ на кормилото на националниот тим, јавува весникот „Спортски Журнал“. Стојковиќ десетина дена водеше интензивни преговори со Српската Фудбалска Федерација, за на крајот сепак да се заблагодари на интересот и да почека некоја наредна прилика за да седне на селекторското столче.

Претходно од конкуренција отпадна и Владан Милојевиќ, па сега единствен кандидат за функцијата останува Саво Милошевиќ. Поранешниот голгетер пред неколку месеци си замина од клупата на Партизан, наведувајќи дека нема намера повторно да работи во Србија, но повикот да стане селектор беше премногу добар за да биде одбиен.

Милошевиќ веќе имал првични разговори на кои изразил подготвеност да се нафати за големиот предизвик, а се очекува во следните 48 часа и официјално да потпише нов договор како селектор. Тој ќе дебитира на клупата на „орлите“ на домашниот меч со Република Ирска на 24 март, на стартот од квалификациите за СП во Катар. Покрај Ирците, српскиот национален тим за ривали во групата ги има уште и Португалија, Азербејџан и Луксембург.

Се вчитува...