Погба нема да преговара со нов клуб додека не заврши сезоната

Иднината на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба останува неизвесна. Французинот нема да преговара за преселба во нов клуб во текот на зимскиот преоден рок.

Според „Sky Sports“, Погба ќе донесе одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата во текот следното лето.

Актуелниот договор на 28-годишниот централен играч за врска со Манчестер Јунајтед истекува во јуни. Погба се повреди додека беше со француската репрезентација и подолго време е надвор од терените.

Се вчитува...