Полска ја надигра Украина и закажа четвртфинале со Словенија

Новиот осминафинален ден на Евробаскетот 2022 во Берлин донесе нов драматичен натпревар во кој Полска славеше над Украина со 86-94 и се пласираше во четвртфиналето од разигрувањето за медал за прв пат од 1997 година. Таму за противник ќе го има актуелниот европски шампион Словенија.

Во изедначениот натпревар двата тима реализираа во висока успешност од поле па ниеден тим не успеа да направи значајна разлика. Полјаците имаа +6 (16-22) во еден момент од првата четвртина, но Украинците успеаја да направат целосен камбек за позитива од седум поени во втората четвртина (44-37). Предноста на Украина на полувремето и донесе предност и во третата четвртина, но при резултат 59-52 следеше блесок на „црвено-белите“.

Полска со серија од 10-1 успеа негативата да ја претвори во позитива, а истата да ја задржи на влезот на одлучувачките десет минути (67-69). Во одличниот ритам на„ран анд ган“ кошарка подобро се снајде Полска чиј ритам донесе нова „двоцифрена серија“, а расположен Понитка со обидите за три поени и преднсот од 78-67 на четири минути пред крајот на средбата.

Кога се чинише дека Полјаците ќе приредат мирен финиш, прераното опуштање на кошаркарите во црвено сепак донесе драматичен крај. Украина стигна до лесни поени благодание на одличната одбрана и за само две минути го врати заостатокот на само еден напад, а на 35. секунди пред крајот имаше и напад за изедначување. Откако Михаилук промаши во својот обид, Слотер од линијата за слободни фралања погоди за 86-90, а него го следеше и Соколовски кој стави крај на дилемите за победник.

Еј-Џеј Слотер и Понитка ја предводеа Полска со 24 поени и 5 скока, односно 22 поен, 9 скока и 6 асистенции, додека Бобров беше лидер на Украина со 15 поени и 4 скока.

Се вчитува...