Разрешен првиот човек на францускиот фудбал, скандалот со Зидан му пресуди

Претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Гре е разрешен од функцијата, одлучи извршниот комитет на федерацијата. Комитетот одлучи да го тргне Ле Гре барем додека не бидат објавени резултатите од ревизијата на федерацијата.

Филип Диало, кој досега ја извршуваше функцијата потпретседател, е назначен за в.д. претседател на федерацијата на Франција.

Ле Гре наиде на жестоки критики за неговите зборови кон Зинедин Зидан. Исто така кон него имаше обвинувања од страна на вработени во федерацијата за недолично однесување.

Ле Гре запрашан за Зинедин Зидан, кажа дека не би му кренал телефон дури и ако самиот го побара и му порача да си бара друг клуб. Веднаш реагираа големи истакнати имиња меѓу кои и Мбапе, а со реакција се јави и Реал Мадрид. Сето ова беше пресудно Ле Гре да добие привремен „отказ“.

Се вчитува...