Рељиќ поразена во четвртфиналето на Европските игри

Македонската репрезентативка во таеквондо, Милијана  Рељиќ не успеа да слави во чевртфиналната пресметка на Европските игри во Краков, откако ја загуби битката против Петра Стобова од Чешка.

Нашата таекдондистка се натпреварува во категоријата до 62 килограми, одлично се бореше против ривалката од Чешка, но на крајот загуби по пребројување на бодовите. Првата рунда мина во знакот на Стобова која триумфираше со 8-3, додека Рељиќ беше подобра во втората рунда, славејќи со 10-9. Третата рунда заврши со израмнети 8-8, но пласман во полуфиналето обезбеди репрезентативката на Чешка.

Рељиќ сега е во исчекување на новата борба на чешката таеквондистка, бидејќи победа на Стобова во полуфиналето ќе и донесе нов настап на нашата македонската репрезентативка во репасажот, а со тоа и шанса за медал.

Се вчитува...