Револуцијата започнува од Холандија: Со паметна технологија до искоренување на расизмот во фудбалот

На расизмот на фудбалските стадиони му се ближи крајот, а за справување со него ќе биде користена паметна технологија. Имено, во Холандија истата ќе започне да се применува веќе од следната сезона со тоа што пилот-проектот ќе биде присутен на стадионите на Фејенорд, ПСВ и ПЕК Зволе, потврди Фудбалската федерација на Холандија.

Паметната технологија ќе се користи за препознавање на расистичко однесување и дискриминација со тоа што со употреба на звучни камери ќе се детектира „ненормален“ звук, како расистички коментар.

Пилот-проектот го финансира Министерството за здравје, социјални работи и спорт и во истиот е вложен повеќе од милион евра. Тој е дел од долгорочниот план со назив „Нашиот фудбал им припаѓа на сите“ кој е започнат во 2019 година по раситичкиот напад против поранешниот фудбалер на Екселсиор, Ахмед Мореира.

Се вчитува...