Роналдо никако не може да се смири: Урлаше на клупата на Ал Наср (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо тешко поднесува неуспеси и порази, а во последно време ги доживува и во Ал Наср. Пред неколку дена доживеа пораз во првенството, па се чини ќе ја изгуби титулата, и беше видно нервозен откако најпрво фати за гуша еден противнички играч, а потоа се фати за меѓуножјето кога од трибините скандираа „Меси, Меси“.

Вчера неговиот Ал Наср загуби и во Купот, и беше елиминиран. Ронадло беше бесен на полувремето, а тоа најдобро го покажува видеото кога Португалецот пријде на клупата на својот тим и „урлаше“ на луѓето на клубот.

Роналдо никако не може да се смири деновиве, па дури се бараше негово апсење и депортација од земјата поради неговото однесување.

Се вчитува...