Роналдо расчисти некои дилеми: Во Баерн сигурно нема да одам

Кристијано Роналдо изминатава зима го изненади фудбалскиот свет со одлуката кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија потпишувајќи за Ал Наср.

Но, и покрај тоа што се надеваше на успешни настапи, остана без ниту еден трофеј, па медиумите токму поради тоа постојано шпекулираа со негово заминување од Саудиска Арабија поврзувајќи го последниот период со Баерн Минхен.

Но, португалскиот ас ги демантираше тие гласини потенцирајќи дека и следната сезона со сигурност останува во Ал Наср.

„Среќен сум овде, останувам и продолжувам понатаму со силна верба во овој петгодишен проект. Ако цврсто стојат на својот пат мислам дека Саудиска Арабија ќе биде најпосакувана дестинација за пет години. Не се осврнувам на сите тие шпекулации за враќање во Европа. Сега сум тука“ – вели Роналдо.

Договорот на Роналдо со Ал Наср важи до јуни 2024 година, и очигледно е желен да го одработи до крај.

Се вчитува...