Саудиска Арабија си доби нов национален празник!

Репрезентацијата на Саудиска Арабија ја приреди најголемата сензација досега СП во Катар откако утрово славеа над Аргентина со 1-2 во натпреварот од првото коло во групата Ц.

Победата на Саудијците предизвика еуфорија во земјата, па кралот Салман реши утрешниот ден да го прогласи за државен празник за народот да го прослави големиот триумф. Одлуката се однесува и на приватниот и јавниот сектор, како и на учениците и студентите во сите фази на образованието.

Се вчитува...