Саутгејт не е Тен Хаг: Му верува на Хари Мегваер

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер го изгуби своето место во почетниот состав во англискиот премиерлигаш, но се очекува денеска да се најде меѓу почетните единаесетмина на дуелот помеѓу Италија и Англија, пренесуваат англиските медиуми.

Селекторот Герет Саутгејт му верува на стоперот кој досега одигра 47 натпревари за „Гордиот Албион“ и се додека тој ја предводи репрезентацијата за него ќе има слободно место.

Хари Мегваер со преминот од Лестер во Манчестер Јунајтед стана најспакиот стопер во историјата на фудбалот, a во последно време е мета на критичарите по катастрофалните настапи во дресот на „црвените ѓаволи“. Со него на теренот Јунајтед загуби три натпревари (Брајтон, Брентфорд и Реал Сосиедад), а славеше во пет средби кој тој беше на клупата или пак доби минимана шанса на теренот.

Се вчитува...