Се тресеше гората сe роди глушец: „Нула“ на Сити и Арсенал на „Етихад“!

Манчестер сити и Арсенал одиграа тактички натпревар без голови во големата дерби пресметка на „Етихад“ во 30. коло од сезоната во Премиерлигата.

И покрај тоа што се најавуваше како натпревар на сезоната во Англија, меч кој воопшто не ги исполни очекувањата, веројатно и на самите два клуба и на пошироката фудбалска јавност.

Дуелот мина без многу возбудувања, а единствените поголеми шанси ги имаа Аке во првото полувреме кај домашните, и Халанд во 84. минута кога на само неколку метри пред голот на Арсенал пропушти една убава топка, можеби и за победа.

За квалитетот на мечот доволно зборува и статистиката која вели дека Сити имаше само еден шут во рамките на голот на противникот, а Арсенал само два. Како и да е, од сето тоа се чини најголем бенефит извлече Ливерпул кој сега е со два односно три бода предност на врвот од табелата.

Се вчитува...