Сега е готово: Легендарниот Игуаин во солзи ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Легендарниот аргентински фудбалер Гонзало Игуаин стави крај на својата голема фудбалска кариера. Ноќеска Аргентинецот го одигра последниот меч во плеј-офот во американската МЛС Лига, а емоциите го совладаа популарниот „Пипита“.

Во својот „последен танц“ загуби со 3-0 со својот Интер Мајами од Њујорк во 1/8 финиалето во плеј-офот. Во фокусот на камерите беше токму Игуаин кој се расплаче.

Кареирата ја заврши на 34 години, а покрај Интер, играше за Ривер Плата, Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Челси и Милан. За репрезентацијата на Аргентина одигра 75 меча и постигна 31 гол.

Игуаин претходно најави дека ќе ја заврши кариерата.

„Сонот е готов, почнува мојот втор живот. Потстувам дека го завршив она кое најмногу го сакав. Мина пола живот, кариера од 17 години и сликите ми се вртеа од моментот кога почнав до сега. Почнува нова етапа, го оставам она кое најмногу го сакав, но совеста ми е чиста и одам да уживам во она што следува. Мојата сопруга, мојата ќерка, фамилијата ме чекаат сите, и на тоа се радувам“, рече Игуаин. 

Се вчитува...