Секогаш во врвна форма – Кларенс Сидорф во акција (ВИДЕО)

Фудбалската легенда Кларенс Сидорф и на 42 години е во врвна форма. Некогаш славниот фудбалер, сега селектор на Камерун и понатаму тренира сериозно и е добар пример и за неговите фудбалери. А, кога професионални фудбалери во врвна физичка подготвеност за својот тренер ќе кажат дека е дури и поподготвен и од нив, тогаш тоа не е случајност.

Впрочем, и кога се реши да замине во фудбалска пензија на 38 години, за Сидорф сите беа сигурни дека без проблем можеше да одигра на највисоко ниво барем уште две сезони.

Неговата работна етика и посветеност на формата на сопственото тело го направија неуништив и силен во текот на целата кариера, но и импресивно граден иако тој никогаш не се фалеше премногу со своите мускули.

Сидорф и сега откако е четири години во фудбалска пензија, не ја запоставува физичката активност и посветено тренира и во домашен амбиент. Освен тоа, тој редовно трча и вежба во теретана, а резултатите се видливи на неговото тело.

Се вчитува...