Сензација во Лисабон: Сенегал го урна Бразил во тест меч (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил е поразен од Сенегал во пријателски натпревар кој беше одигран во Лисабон. Иако настапија со речиси комплетен состав, сепак, Бразилците не успеаја да му парираат на расположениот Садио Мане кој постигна два гола.

Се добро почна за Бразилците, откако Пакета донесе предност во 11. минута. Диало во 22. минута успеа да израмни за 1-1 по првиот дел.

Во второто полувреме автогол на Маркињос за предност на Сенегал, а три минути подоцна Мане ја ззголеми предноста. Маркињос во 58. минута даде надеж за Бразил да остане непоразен, но Мане од пенал во судиското надополнување стави печат на победата.

Се вчитува...