Што се случува во Лондон? По Бентанкур, и голманот на Сити незадоволен што беше заменет (ВИДЕО)

Откако во 55. минута Постекоглу се реши да го замени Родриго Бентанкур, Уругваецот беше видно нервозен и кршеше се околу себе на клупата на Тотенхем. 

15 минути подоцна, Гвардиола се реши да го замени голманот Едерсон. Бразилскиот чувар на мрежата доби еден дуар од Ромеро, но го продолжи мечот, а потоа Гвардиола се реши да го замени и него, и Де Брујне, кој исто така доби удар.

Едерсон беше несреќен што беше заменет, а потоа жестоко реагираше на клупата. Не помогна ниту разговорот со Пеп Гвардиола кој се обиде да му објасни зошто го заменил. Сепак, Бразилецот ја покажа својата фрустрација и покрај зборовите на својот менаџер.

Се вчитува...