Симеоне замената за Трипие ја најде во Манчестер Јунајтед

Киран Трипие стана првото засилување во „новата ера“ на Њукасл Јунајтед, но заминувањето на Англичанецот од Атлетико Мадрид остави празнина во редовите на „јорганциите“. Тренерот Симеоне мака мачи да ја пополни левата бековска позиција, но чини дека на маките и дојде крајот откако аргентинскиот стратег замената ја најде во Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Диогу Далот кој е дел од „црвените ѓаволи“ од 2018 година, но не успеава да се избори за своето место во тимот. 22-годишникот претходната сезона ја помина на позајмица во Милан, а оваа и покрај тоа што се врати во матичниот клуб настапи на само девет натпревари во Премиерлигата.

Далот е прва опција на Атлетико Мадрид, а шпанските медиуми велат дека доколку не се оствари овој трансфер како алтернативи се јавуваат и Расмус Кристенсен од Лајпциг и Даниел Вас од Валенсија.

Се вчитува...