Симпатичниот Очоа повторно херој за Мексико – Левандовски се посрамоти од пенал (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Полска имаше голема шанса да поведе со 1-0 против Мексико во натпревар од 1. коло од Ц групата на Светското првенство во Катар, но првата ѕвезда Роберт Левандовски не реализираше пенал.

Иако немаа никаква шанса, првата ѕвезда на Полјаците, Роберт Левандовски беше соборен во шеснаесетникот на Мексиканците. Главниот судија на мечот, Австралиецот Бит прво не досуди пенал, но по проверка на ВАР покажа на „белата точка“.

Левандовски биеше лошо и веќе втор пат во низа не успеа да погоди пенал.

 

Се вчитува...