Скалони: Имавме лош и тажен ден, мораме да ги кренеме главите

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони, после натпреварот со С.Арабија видно разочаран од поразот, кажа дека неговата селекција веќе се фокусира кон следните два натпревари.

Скалони наиде на многу критики од јавноста во Аргентина поради играта во вториот дел. Тој кажа дека селекцијата имала само лош ден, и дека мора да влезат со кренати глави.

„Многу е тешко да се прифати дека за пет минути примивме два гола. Тоа им беа единствените удари кон нашиот гол, но на Светските првенства вакви нешта се случуваат. Мораме да работиме повеќе да не се случуваат вакви работи. Немаме друг избор освен да се кренеме и да продолжиме напред. Мораме добро да анализираме. Денеска беше тажен ден, но мора да ги кренеме главите и да продолжиме. Пред мечот сите не сметаа за фаворити, но има и лоши денови како што го имавме ние. Одиме на победа на следните два натпревари“, рече Скалони.

Се вчитува...