Србите разочарани од Јокиќ: „Станувај ти народе да го гледаш во четири наутро… Повеќе не треба ниту да биде повикуван во репрезентацијата“

Србија ќе биде сериозно ослабена за претстојното кошаркарско Светско првенство кое стартува следниот месец откако Никола Јокиќ го откажа своето учество за националниот тим.

Таа информација предизвика сериозни реакциите меѓу спортските фанови кои не штедеа и иронични навреди за српскиот центар кој се одлучи ова лето да одмара, место да и помогне на репрезентацијата на Србија да се бори за медал на СП.

Дел од коментарите по социјалните мрежи ги пренесе српски „Курир“.

„Ти народе станувај во четири наутро да го гледаш и да навиваш“, „Има човекот обврски на хиподормот“, „Николас Јок. Оди играј за Американците. Земи ги со тебе и коњите“, „Јас сум будала што станувам да те гледам…“, „Не сум хејтер, секоја чест за дечкото за се, но ова навистина ми пречи. Некогаш беше чест да се игра за репрезентацијата. Ова многу кажува за него“, „Дечкото не треба повеќе ниту да биде повикан, а не пак да го убедуваме“ – се дел од коментарите на кошаркарските фанови во Србија.

Србија на Светското првенство ќе игра во група со Кина, Порторико и Јужен Судан.

Се вчитува...