Супер-видео: Најдоброто од Ненад Димитријевиќ во ВТБ-лигата

Ненад Димитријевиќ го направи вистинскиот потег минатото лето, кога македонскиот репрезентативец си замина од Валенсија настапувајќи како позајмен играч за рускиот Уникс Казањ.

Нашиот плејмејкер ја имаше најдобрата сезона во кариерата, предводејќи го Уникс до историската прва титула во регионалната ВТБ-лига, воедно и прв трофеј во професионалната кариера на Димитријевиќ. За квалитетите на Македонецот најдобро говори фактот дека тој беше избран за МВП на плејофот, по извонредните игри во полуфиналето со Зенит и во големото финале против Локомотив Кубан, а ВТБ денеска објави и фантастично видео со најдобрите потези на Димитријевиќ во текот на целата сезона 2022/23.

Димитријевиќ летово го раскина договорот со Валенсија и е слободен игра, на адреса на македонскиот репрезентативец пристигнаа бројни понуди од Евролигата, но не се исклучува ниту опцијата за уште една година во ВТБ, каде Уникс и Зенит сакаат да го видат нашиот ас во своите редови.

Се вчитува...