Црвена Звезда до рутинска победа во Милано

Кошаркарите на Црвена Звезда дојдоа и до деветтата победа во 21. коло од Евролигата, триумфирајќи на гостувањето против Милано со 62-76.

Црвено-белите од самиот почеток на мечот ја презедоа контролата на играта и резултатот, па откако полувремето го завршија со предност од 31-47, беше јасно дека лесно ќе дојдат до конечната победа.

Во второто полувреме само рутински ја одржуваа предност за финален триумф од 62-76. Најефикасен во победничкиот тим беше Гиедраитис со 22 постигнати поени.

Панатинаикос исто така без никакви проблеми славеше на домашен терен против Монако со 88-63.

Се вчитува...