Видео од моментите на нападот на фудбалерите на Бока, кои на крајот и се појавија на „Монументал“ (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет синоќа остана без најголемото дерби на планетава меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс во финалето на Копа Либертадорес, но поради нередите пред мечот на крајот се остана откажано за вечерва.

Неколку часа пред средбата на „Монументал“ дојде до нереди пред стадионот во кои беа нападнати фудбалери на Бока. Навивачите на Риверл го нападнаа нивниот автобус со се и сешто, па дури и со солзавец. Тројца фудбалери на Бока добија повреди на главата. Се појавија и првите снимки и моментите на нападот на фудбалерите, на кои јасно се гледа целокупната опасноста….

По сето тоа фудбалерите на Бока одбија да го играат натпреварот. Од Ривер порачаа дека ќе ја почитуваат нивната одлука, па на крајот мечот е одложен за вечерва од 21 часот.

По соопштувањето дека натпреварот е одложен, навивачите на Ривер го напуштија стадионот на кој уште неколку часа, поради безбедносни мерки, останаа фудбалерите на Бока јуниорс. Тие на крајот излегоа и на теренот на „Мунемантал“ но пред празни трибини. Полицијата чекаше да заминат навивачи како би било сигурни фудбалерите на Бока да го напуштат стадионот. Тоа се траеше повеќе од три часа, што сигурно ќе остави трага пред денешниот дуел.

Во нападот најтешко поминаа фудбалерите Пабло Перез и Гонзало Ламардо, а со нешто полесни повреди мина Карлос Тевез.

Се вчитува...