Жесус околу караницата на Ристовски: Зошто вакви ср.ње прашања!?

Спортинг Лисабон потешко од очекувањата обезбеди пласман е во полуфиналето од Купот на Португалија славејќи со 1-2 на гостувањето против Кова Пиедаде.

Сето тоа доведе и до мала нервоза во играчките редови на Спортинг, па холандскиот напаѓач Бас Дост на крајот од мечот се впушти во вербална расправија со македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, кој се разбира не му остана должен.

На прес-конференцијата по мечот, прашање околу караницата доби и тренерот на Спортинг, Жорге Жесус кој и на теренот само немо ја проследи караницата меѓу двајцата фудбалери откако се доближа до нив.

„Зошто ме оптоварувате со вакви ср.ње прашања. Па не треба да зборуваме за вакви работи кои се нормални во фудбалот и меѓу двајца фудбалери кои сакаат успех на својот тим“ – луто се обрати Жесус на прашањето околу караницата.

ПОВРЗАНО: Жестока караница меѓу Стефан Ристовски и Бас Дост во Спортинг Лисабон!

Се вчитува...